врие
вријат; вриј, вријте; вриев, вриеја; вриел; вриен; вриејќи;
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3543
1.
За течност - клокоти, се меша под дејство на висока температура.
Примери:
Донесете ги котлите со масло што врие.
Лонец вода врие.
Слично со:
клокоти (несв.)
2.
Се вари во зовриена вода.
Примери:
Пастрма вриеше во котел поставен на оган.
Врие гравот за ручек.
Слично со:
вари (несв.)
4.
Има движење на множество луѓе без ред, вријавец од луѓе.
Примери:
Чаршијата врие од луѓе.
На Атпазар вриеше како во кошница.
5.
Преполн е со нешто, има многу.
Примери:
Косата му врие од вошки.
Нашите плевни вријат од змии.
6.
Се наоѓа во еуфорична состојба, возбуден е, вознемирен е, со силни чувства.
Примери:
Во жилите вриеше топлината на виното.
Во тие луѓе вријат и крвта и разумот.
Момчето вриеше од лутина.
Вријат од бес.
Слично со:
возбудува (несв.)
Изведенки
вриење ср.
глаг. им.
глаг. им.