свари
сварат; сварил; сварен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4706
1.
Приготви или добие нешто преку варење.
Примери:
Сакаше да им свари грав за ручек.
Свари им по едно кафе.
(разг.) Го свари гравот.
Слично со:
приготви (св.)
2.
За желудник, преработува.
Примери:
Tоа е тешка храна, неговиот желудник не ќе може да ја свари.
3.
сфати, разбере, усвои
Примери:
Ова не можам никако да го сварам.
4.
(се свари) Стане готово за употреба по варењето.
Примери:
Се свари ли веќе јадењето?