brawl - онтологија

грабне повеќе

грабнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се грабне) Почне да се тепа, да се кара.
Албански: grindem
Примери:
Кога се грабнаа жените за коси, мажите излегоа надвор.

давија повеќе

мн. давии
Вид збор: Именка, женски род
кавга, тепачка
Албански: grindje
Употреба: Архаизам
Примери:
Станаа сведоци на давијата што ја предизвика шумарот.

дечка повеќе

(се) дечкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
се кара, се расправа
Примери:
Тие се дечкаа цело попладне.

заџагори повеќе

заџагорат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да џагори.
Примери:
Заџагорија деца на улицата.

куршлус повеќе

мн. куршлуси
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) несогласување, расправија
Германски: Kurzschluss Албански: grindje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Изби куршлус меѓу директорот и правникот во фирмата.

лом повеќе

мн. ломови
Вид збор: Именка, машки род
Силна, жестока расправија.
Албански: grindem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го направи лом поради неучењето.

поречка повеќе

(се) поречкаат
Вид збор: Глагол, свршен
се спречка, се скара

поречканица повеќе

поречканица
Вид збор: Именка, женски род
расправија, кавга

потскара повеќе

Види и: скара (св.)
потскараат
Вид збор: Глагол, свршен
Скара некого малку, во мала мера.
Албански: grind pak
Примери:
Го потскарав синот.
(се потскара) Се скара малку, во мала мера еден со друг.
Албански: grindem, hidhërohem
Примери:
Ти се потскараа.

потфати повеќе

потфатат
Вид збор: Глагол, свршен
(се потфати) Се закачи еден со друг (во кавга).
Албански: grindje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Браќата се потфатија за имотот.

раскара повеќе

раскарав
Вид збор: Глагол, свршен
(се раскара) Почне да се кара.
Албански: grindem, zihem, përlahem
Примери:
Доста, што сте се раскарале толку?

раскарува повеќе

(се) раскаруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раскара

раскарување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) раскарува

раскрви повеќе

(се) раскрват
Вид збор: Глагол, свршен
Се тепа, се кара, многу се крви со некого.
Примери:
Тие се раскрвија, не сакаа да се видат.

расправачка повеќе

мн. расправачки
Вид збор: Именка, женски род
караница, кавга, расправија
Употреба: Разговорно
Примери:
Домашна расправачка.

степа повеќе

степаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да се тепа
Албански: rrah
Примери:
Ги скарав и ги степав.
(се степа) се тепа
Албански: rrah, grind
Примери:
Се степале децата.

степува повеќе

степуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) степа
Албански: rrah
Примери:
Секогаш тие први се степуваат.

тепачка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
тепаница
Албански: rrahje, kacafytje