bridle - онтологија

заоглави повеќе

заоглават
Вид збор: Глагол, свршен
Стави оглав на животно.
Примери:
На ледината најде еден коњ, го фати и го заоглави.

заузди повеќе

зауздат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави узда на коњ, затегне узда.
Албански: fre, kapistër
Примери:
Уште од рано го отседла коњот и го заузди.
Совлада, надвие, стави под контрола.
Албански: vë nën kontroll
Употреба: Преносно значење
Примери:
Успеа да го заузди стравот што ја обзеде.

наоглави повеќе

наоглават
Вид збор: Глагол, свршен
Стави огламник на добиток.
Албански: vë kapistër, kërpesh
Примери:
Го наоглави добичето и го поведе на пазар.

обузди повеќе

обуздат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави узда на коњ.
Албански: frenoj, vë fre
Примери:
Не можеше да го обузди коњот.