call - онтологија

вика повеќе

викаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Именува, нарекува (со име, прекар, назив).
Албански: thërret
Примери:
Оваа река ние ја викаме Сува Река.

викне повеќе

викнат
Вид збор: Глагол, свршен
Повика, покани некого.
Албански: thirr
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој ме викна да му помогнам.

зов повеќе

(едн.) зовот
Вид збор: Именка, машки род
повик
Употреба: Поетски збор
Примери:
Утката што се јавуваше често, пак се јави, со истиот зов.

извика повеќе

Види и: вика (несв.)
извикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Повика некого од некаде.
Албански: thërras
Примери:
Го извика од дома.

нарече повеќе

наречат
Вид збор: Глагол, свршен
Се нафрли со зборови на некого, му рече многу нешта.
Албански: them
Примери:
Му нареков сѐ што мислев, па што сака нека прави.
(се нарече) Се именува со некакво име, назив.
Албански: thërret, quaj

повик повеќе

мн. повици
Вид збор: Именка, машки род
Усно или писмено јавно обраќање.
Албански: thirrje
Примери:
Јавен повик за учество на тендер.
Повикување по некого.
Албански: thirrje
Примери:
На мојот повик сите дотрчаа.

повика повеќе

повикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Упати повик, се обрати до некого.
Албански: thërras
Примери:
Ме повикаа по телефон.
Упати повик, обраќање, апел.
Албански: thërras
Примери:
Ги повика граѓаните на соработка.

подвик повеќе

Вид збор: Именка, машки род
повик
Примери:
Тероризмот е присутен и е на подвик кај нас.

подвикне повеќе

подвикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Повика некого.
Албански: thërras
Примери:
Кога ќе одиш утре на лозје, подвикни ми и мене.

презива повеќе

презиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има определено презиме, се вика на презиме.
Примери:
Како се презиваш ти?

призива повеќе

призиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
повикува
Употреба: Книжевен збор