а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

покани

поканат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3678
1. Испрати, упати некому покана за присуство, учество во нешто.
Англиски: invite Албански: ftoj
Примери:
Ние ги поканивме на прославата сите пријатели.
Тие ги поканија сите рооднини на свадбата.
2. Повика, се обрати некому со покана.
Англиски: invite Албански: ftoj
Примери:
Јас ги поканив на ручек.
Тој ја покани да играат.
Таа го покани на кафе, но тој не дојде.
3. (се покани) Самиот себеси се повикува, се кани.
Англиски: invite Албански: ftoj
Употреба: Иронично , Разговорно
Примери:
Таа сама си се покани на гости.
Изведенки
1. поканува несв.
покануваат
2. поканување ср.
глаг. им.