знам
Вид збор: Глагол, несвршен
Умее, може да прави нешто.
Примери:
Знае да плива.
мн. кани
Вид збор: Именка, женски род
Сад за вода или вино, во форма на голема чаша со дршка и мал отвор.
Примери:
Кана на сребрен послужавник.
мн. канчиња
Вид збор: Именка, среден род
кана
Примери:
Побара вино, му тутнаа в рака канче козјо млеко.
мн. конзерви
Вид збор: Именка, женски род
Херметички затворен сад (обично лимена кутија) со прехранбен производ.
Примери:
За вечера отворивме една конзерва со риба.
мн. лименки
Вид збор: Именка, женски род
Лимен сад за индустриско конзервирање пијалак.
Примери:
Лименка кока-кола.
можам
Вид збор: Глагол, несвршен
Има сила, умеење, способност, услови да направи нешто.
Примери:
Можам да трчам брзо.
Возможно е, дозволено е.
Примери:
Не може да чекаме повеќе.
умеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Знае да врши нешто.
Примери:
Не умее зелник да меси.