знае
знам, знаам, знаеме, знаат; знај, знајте; знаев, знаевме, знаеја; знаел, знаела, знаело; знаеле; знаејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 28
1.
Известен е за нешто, познава, познато му е нешто.
Примери:
Знаев дека ќе дојдат.
Само тој го знае патот.
Не знам кога поаѓа возот.
2.
Има знаење од некоја област, упатен е во нешто.
Англиски:
know
Албански:
ka njohuri
Добро знае математика.
Знае неколку јазици.
Знае сè за габите.
3.
Умее, може да прави нешто.
Примери:
Знае да плива.
Знае да вози велосипед.
Знае да плете.
Слично со:
умее (несв.)
4.
сфаќа, разбира
Англиски:
understand
Албански:
kuptoj
Знам што зборуваш, но не знам што сакаш да ми кажеш.
Слично со:
сфаќа (несв.)
5.
Познава некого.
Примери:
Го знам од студии.
Hего сите го знаеја.
Те знам како храбар човек.
Слично со:
познава (несв.)
6.
(обично со негација) Не чувствува, не преживува.
Примери:
Тој не знае за страв.
Не знаат што е срам.
Не знае за грижи.
7.
Не зема предвид, не признава, не води сметка.
Примери:
Не знае за почивка.
Не знае за мера.
Не знае да престане.
8.
Има обичај, му се случува.
Примери:
Тој знаеше да стане рано наутро, да подготви појадок, па да ме разбуди.
Не задевај го, тој знае и да се налути.
9.
(само 2 л. сег. време - знаеш, знаете) Во разговор, како вметнат збор за привлекување внимание, без значење.
Албански:
ti di
Јас, знаеш, за тоа не сакам да зборувам пред сите.
Човек, знаете, не може сè да има.
10.
(само 1 л. сег. вр. - знам или знам, знам) Во разговор како согласување со соговорникот, но за да му се спротивстави своето мислење.
Албански:
unë di
Дојде до расправија и јас го напуштив состанокот. - Знам, знам, но на тој начин нема да помогнеш да се средат работите.
11.
(се знае) Се познава со некого, заемно се познаваат.
Примери:
Се знам со него уште од средно училиште.
Тој се знае со градоначалникот.
14.
(се знае) познато е, јасно е
Примери:
Се знае - на работа не смееш да доцниш.
Изрази
Знам како дишеш - добро те познавам.
(ирон.) Знам колку тежи - ја знам неговата вредност.
(ирон.) Знам што стока е - ја знам неговата вредност.
Знае кое што е - добро е запознаен со ситуацијата и со фактите.
Знае на што е - свесен е за својата положба.
Знае што зборува - сигурен е во тоа што го зборува, не зборува случајно.
И баба ми го знае тоа - на сите им е познато.
Тоа и врапчињата го знаат - на сите им е познато.
Како знаеш и умееш - по секоја цена.
Кога има масло, и баба знае да меси зелник - лесно е да се направи нешто кога има со што.
Кој како (си) знае - секој постапува на свој начин, според своето убедување.
Кој не го знае, скапо ќе го плати - се вели за некој што се претставува како подобар отколку што навистина е.
(ирон.) Многу знае - ништо не знае.
(ирон.) Многу знае - се прави итар.
Му ја знае на ѓаволот дупката - многу е вешт, многу знае, во сè се разбира.
Не знае да брои ни до три (пет) / (колку се два и два) / (ни а ни б) - ништо не знае.
Не знае за доста - ненаситен е, претерува.
Не знае кај да се дене - збунет е поради некое силно чувство (срам, мака, радост).
Не знае како се вика - ништо не знае поради некое силно чувство (замор, радост).
Не знае што да прави со себе - збунет е.
Не знае што да прави со себе - здодевно му е.
Не знае што зборува - зборува бесмислици, глупости.
Не е не знам што / не знам каков - не е нешто особено, нема голема вредност.
Не оти знам - не знам, не сум сигурен.
Не се знае кој јаде, кој пие (кој пие, кој плаќа) - владее безредие, хаос и секој прави што сака.
Не се знае кој јаде, кој пие (кој пие, кој плаќа) - никој не одговара за тоа што се случува.
Откога знам за себе - откога паметам, уште од дете, многу одамна.
Си го знае времето - знае кога треба нешто да направи, има навика за нешто.
Така да знаеш - да ти биде јасно, завршен исказ за потсилување на кажаното.
Tи знаеш едно, а јас сто и едно - поискусен сум од тебе.
Тој пак си го знае своето - и да му се забележи нешто, тој пак работи по свое.
Што знам - се двоумам.
Што знаеш - можеби.