candidate - онтологија

аспирант повеќе

мн. аспиранти
Вид збор: Именка, машки род
Кандидат за одредена позиција.
Албански: kandidat
Примери:
Се јавија многу аспиранти за тоа место.

кандидат повеќе

мн. кандидати
Вид збор: Именка, машки род
Лице што конкурира, тој што ги исполнува условите пропишани за некоја служба, звање и сл.
Албански: kandidat
Примери:
Hа конкурсот во училиштето се јавија голем број кандидати.
Тој што се избира или е предложен да биде избран во составот на некое општествено или политичко тело или организација.
Албански: kandidat
Употреба: Политика
Примери:
пратенички кандидат
Ученик или студент што полага некаков испит.
Албански: kandidat
Употреба: Образование
Примери:
На приемниот испит се јавија голем број кандидати.
Лице што има намера да се ожени / омажи за некого.
Албански: kandidat
Примери:
Во младоста таа имаше голем број кандидати, но сепак остана немажена.