Политика - категорија

кандидат повеќе

мн. кандидати
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се избира или е предложен да биде избран во составот на некое општествено или политичко тело или организација.
Англиски: candidate Албански: kandidat
Примери:
пратенички кандидат

кандидатура повеќе

мн. кандидатури
Вид збор: Именка, женски род
Формално извршена постапка при пријавување за кандидат.
Англиски: candidacy
Примери:
Кандидатура за претседател.

кандидација повеќе

мн. кандидации
Вид збор: Именка, женски род
Предлагање некого за кандидат, истакнување кандидатура, кандидирање.
Англиски: candidacy
Примери:
Не можеше да биде кандидиран, бидејќи некој од членовите ја спречи неговата кандидација.

канцелар повеќе

мн. канцелари
Вид збор: Именка, машки род
Во некои европски држави претседател на влада или еден од главните министри, парламентарни или дворски функционери.
Англиски: chancellor Германски: Kanzler Албански: kancelar, kryeministër

капиталистички повеќе

капиталистичкиот
Вид збор: Придавка
Што е својствен или што се однесува на капитализам и капиталист.
Англиски: capitalistic Албански: kapitaliste
Примери:
капиталистичка земја

квазидемократија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Привидна, лажна демократија.
Англиски: mock democracy
Примери:
анархична квазидемократија

квазипатриот повеќе

мн. квазипатриоти
Вид збор: Именка, машки род
лажен патриот
Примери:
Изобилие на разни шарлатани, авантуристи, квазипатриоти, милитанти и националисти.

клептократија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Израз составен од грчките зборови κλέπτω (краде) и κράτος (владее) со значење „власт на кражбата“, што означува политичка власт којашто се користи исклучително за кражба на народниот имот.
Англиски: kleptocracy
Примери:
Обележје на клептократијата е исчезнување на средниот слој.

клерикалец повеќе

мн. клерикалци
Вид збор: Именка, машки род
Следбеник, приврзаник на клерикализмот.
Англиски: clericalist

клерикализам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Политички правец што се стреми кон cилно влијание на црквата (особено на католичката) во општествено-политичкиот и културниот живот на една заедница.
Англиски: clericalism

клика повеќе

мн. клики
Вид збор: Именка, женски род
Група луѓе, поврзани со иcти политички, економски и други интереси заради оcтварување на користољубиви цели.
Англиски: clique Француски: clique Албански: klikë
Примери:
владејачка клика

коалиција повеќе

мн. коалиции
Вид збор: Именка, женски род
Привремен сојуз меѓу политички партии заради формирање заедничка влада или заради учество на избори.
Англиски: coalition Албански: koalicion

коалиционен повеќе

коалициони
Вид збор: Придавка
Што се однеcува на коалиција.
Англиски: coalition
Примери:
коалициони партнери

коалицира повеќе

коалицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Влезе, влегува, стапи, стапува во коалиција.
Англиски: form a coalition

коалициски повеќе

Види и: коалиција (ж.)
коалицискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на коалиција, што е во коалиција.
Англиски: coalition
Примери:
коалициските партнери

колаборира повеќе

колаборираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Соработува предавнички со непријател.
Англиски: collaborator
Примери:
Колаборирал со окупаторите.

комитет повеќе

мн. комитети
Вид збор: Именка, машки род
Избрано раководно тело на партија.
Англиски: committee Албански: komitet
Примери:
Централен комитет.

комунизам повеќе

(едн.) комунизмот
Вид збор: Именка, машки род
Државен систем под власта на комунистичка партија.
Англиски: communism Албански: komunizëm

комунист повеќе

мн. комунисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на идејата за воспоставување комунистичко општествено уредување; член на комунистичка партија.
Англиски: communist

комунистички повеќе

Види и: комунист (м.)
комунистичкиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со комунист или комунизмот.
Англиски: communistic
Примери:
Комунистички манифест

комуњар повеќе

мн. комуњари
Вид збор: Именка, машки род
погрдно за комунист
Англиски: commie
Примери:
Зборот комуњари не го вадат од уста.

конгрес повеќе

мн. конгреси
Вид збор: Именка, машки род
Највисок орган на организација, партија што се свикува на определено време или вонредно.
Англиски: congress Албански: kongres
Примери:
Почнува вонредниот конгрес на партијата.
Во некои држави - назив за собрание, парламент.
Англиски: congress Албански: kongres

конзервативен повеќе

конзервативни
Вид збор: Придавка
За политичка партија и идеи - што е противник на остри и големи промени на политичкиот систем и во општествениот живот.
Англиски: conservative
Примери:
конзервативна партија

конзервативец повеќе

мн. конзервативци
Вид збор: Именка, машки род
Член на конзервативна партија.
Англиски: conservative party member Албански: konzervativ

контрареволуција повеќе

мн. контрареволуции
Вид збор: Именка, женски род
Активно противдејство врз извршената револуција, борба за воспоставување на претходниот поредок.
Англиски: counterrevolution
Примери:
Се поведе одмаздничка контрареволуција.

контрареволуционер повеќе

Види и: контрареволуција (ж.)
мн. контрареволуционери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се бори против извршената револуција.
Англиски: counter-revolutionary

кортеш повеќе

мн. кортеши
Вид збор: Именка, машки род
Политички активист што агитира за некого, што собира гласови.
Англиски: agitator

кохабитација повеќе

кохабитацијата
Вид збор: Именка, женски род
Соработка меѓу претседателот на државата со влада од опозициската партија.
Англиски: cohabitation

крило повеќе

мн. крилја
Вид збор: Именка, среден род
Група во политичка партија или во некаква организација која се разликува во своето идеолошко-програмско сфаќање.
Англиски: wing Албански: krah
Примери:
Конзервативното крило на партијата.

ксенофобија повеќе

ксенофобијата
Вид збор: Именка, женски род
Мразење на странци или страв од странци.
Англиски: xenophobia
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш