celebration - онтологија

празник повеќе

мн. празници
Вид збор: Именка, машки род
Слава, веселба, забава со цел да се прослави нешто.
Албански: kremt, festim
Примери:
куќен празник

пречек повеќе

мн. пречеци
Вид збор: Именка, машки род
Очекување, пресретнување на празник, настан и сл.
Албански: pritje, kremtim
Примери:
Пречек на Нова година.

прослава повеќе

мн. прослави
Вид збор: Именка, женски род
Свечено одбележување на значаен настан или по некој повод.
Албански: festim, kremtim
Примери:
На прославата говореше Претседателот.

радост повеќе

мн. радости
Вид збор: Именка, женски род
Настан, предмет што покажуваат задоволство, среќа.
Албански: gëzim
Примери:
Денеска имаме радост во куќата: ни се роди син.

свеченост повеќе

мн. свечености
Вид збор: Именка, женски род
Свечено празнување на некој настан, важен датум и сл.
Албански: festim
Примери:
Во чест на празникот се одржаа големи свечености.

слава повеќе

мн. слави
Вид збор: Именка, женски род
сведен
Албански: festim
Употреба: Дијалектен збор , Црковен термин
Примери:
Ќе му одиме на слава.

славење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
прослава
Примери:
Славењето на победата.

служба повеќе

мн. служби
Вид збор: Именка, женски род
слава
Албански: festim
Употреба: Црковен термин

тржество повеќе

Вид збор: Именка, среден род
свеченост
Албански: festim
Употреба: Книжевен збор

тржествување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
прославување, триумфирање
Употреба: Книжевен збор

чест повеќе

(едн.) честа
Вид збор: Именка, женски род
славење
Албански: nder
Примери:
Во чест на некого или на нешто.

чествување повеќе

Види и: чествува (несв.)
мн. чествувања
Вид збор: Именка, среден род
Свечена прослава.
Албански: festim, kremtim
Примери:
Во државава се одржуваат чествувања и се објавуваат делата на големиот писател.

џумбуш повеќе

џумбушот
Вид збор: Именка, машки род
веселба
Турски: cümbüş Албански: xhymbysh, aheng
Употреба: Разговорно