come - онтологија

доаѓа повеќе

Види и: дојде (св.)
доаѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За време - настапува, започнува.
Албански: rezulton
Примери:
Доаѓа време на големи долги ноќи.

дојде повеќе

Види и: иде (несв.)
дојдат
Вид збор: Глагол, свршен
За време, сезона, празник и сл.
Албански: vjen
Примери:
Дојде пролетта.
Во состави со предлог и некои именки.
Примери:
Дојде на власт (на положба).

ела повеќе

елате
Вид збор: Извик
Служи за повикување (заповеден начин): Дојди, дојдете!
Примери:
Слушај, ела поваму!

заиде повеќе

Види и: иде (несв.)
заидат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да иде, да доаѓа.
Примери:
Одоздола заиде еден старец.

иде повеќе

идат
Вид збор: Глагол, несвршен
Доаѓа ваму; со одење или со превозно средство, а и самото превозно средство, се приближува однекаде наваму (обично кон лицето што зборува).
Српски: долазити Албански: vij Бугарски: идвам
Примери:
Многу ретко идеш.
Се враќа.
Албански: vij, kthej
Примери:
Пијан иде од работа.
Оди, се движи (ненасочено).
Албански: vij, lëvizë
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
По ридот идеа две деца.

настапи повеќе

настапат
Вид збор: Глагол, свршен
За време - дојде, започне.
Албански: vij, erdh
Примери:
Настапи долгото топло лето.

никне повеќе

никнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави, се направи.
Албански: çel, mbrrin
Употреба: Преносно значење
Примери:
Меѓу нив никнаа расправии.

погоди повеќе

погодат
Вид збор: Глагол, свршен
(се погоди) Се истера, се метне на некого.
Албански: përngjan
Примери:
Синот се погоди на мајка си.

притекне повеќе

притекнат
Вид збор: Глагол, свршен
притече, надојде
Примери:
Конечно една европска сила и притекна во помош на земјата.