а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

погоди

погодат; погодил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1289
1. Даде точен одговор, точно каже, се домисли.
Англиски: guess Албански: qëlloj
Примери:
Погодете што ви донесов.
По гласот погодија кој е.
2. Удри во целта, во некого, во нешто при гаѓање, фрлање и сл.
Англиски: hit Албански: qëlloj
Примери:
Куршумот го погоди прозорецот.
Влезете внатре да не ве погоди некој заскитан камен.
3. Се случи, снајде некого нешто.
Англиски: hit Албански: godet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Скопје беше погодено од силен земјотрес.
Целиот регион беше погоден од силно невреме.
4. Успешно направи нешто, избере во соодветно време, место итн.
Англиски: choose Албански: sukses
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не беа сигурни дали го погодија патот.
5. Направил лош избор.
Англиски: choose Албански: zgjidhje
Употреба: Иронично
Примери:
Ама си го погодил времето, баш на дождот.
Погодил кога да дојде.
6. Договори цена при купување, продавање.
Англиски: negotiate Албански: diskutoj
Примери:
Колку ја погодивте нивата?
7. Земе некого на работа, услуга под определени услови.
Англиски: negotiate Албански: diskutoj
Примери:
Го погодил да му работи летово.
8. Уреди, среди, добро намести; дотера, се погрижи.
Англиски: fit Албански: përshtat
Примери:
Колку да сакаш, нему не можеш да му погодиш.
9. Предизвика кај некого силна емоција, силно засегне, потресе некого.
Англиски: hit Албански: përshtat
Примери:
Смртта на мајката силно го погоди.
10. (се погоди) Се договори со некого, заемно.
Англиски: agree Албански: mirrem vesh
Примери:
По долго пазарење, се погодија за цената.
11. (се погоди) Се дотера, се уреди.
Англиски: prepare Албански: përgatit
Примери:
Се погоди и излезе.
12. (се погоди) Се покаже, се открие, во однос на некоја особина, својство.
Англиски: happen Албански: pëson
Примери:
За среќа, човекот се погоди лекар и им помогна.
Чевлите му се погодиле тесни на нога.
13. (се погоди) Се случи, се поклопи со нешто.
Англиски: happen Албански: pëson
Примери:
Првото дете се погоди машко.
Таа година зимата се погоди долга и сурова.
14. (се погоди) Се истера, се метне на некого.
Англиски: come Албански: përngjan
Примери:
Синот се погоди на мајка си.
Изведенки
1. погаѓа несв.
(се) погаѓаат
2. погаѓање ср.
глаг. им.
3. погодува несв.
(се) погодуваат
4. погодување ср.
глаг. им.