а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ајде

ајдете
Вид збор: Честичка
Ранг: 380
1. Со значење на заповед.
Англиски: let's Турски: haydi
Употреба: Разговорно
Примери:
Ајде стани развредни се!
Ајде оди, не седи тука!
Ајде напиј се и на ништо не мисли!
2. При збогување и при наздравување.
Употреба: Разговорно
Примери:
Ајде со здравје!
Ајде на здравје!
3. При храбрење и за подбуда.
Употреба: Разговорно
Примери:
Ајде детенце!
Ајде мило!
4. При изразување желба.
Употреба: Разговорно
Примери:
Ајде да ми беше младоста!
Ајде да ми беа тука моите другари!
5. Во прашални реченици.
Употреба: Разговорно
Примери:
Ајде што е тоа од тебе?
Ајде што зборува тој?