comprehend - онтологија

домисли повеќе

Види и: мисли (несв.)
домислат
Вид збор: Глагол, свршен
Сфати, согледа нешто размислувајќи.
Албански: kuptoj
Примери:
Сѐ што може да види, да слушне или да домисли нему му е вистинско и несомнено.

зазнае повеќе

Види и: знае (несв.)
зазнаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да знае, да сфаќа, да разбира по нешто; стане свесен за нешто.
Примери:
За некои работи зазнав многу доцна.

поима повеќе

поимаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сфаќа, разбира смисла, содржина на нешто.
Примери:
Тој ја поима поезијата како излез од сопствената тага.

појми повеќе

Види и: поима (несв.)
појмат
Вид збор: Глагол, свршен
сфати
Примери:
Не може да појми што значи да бидеш осамен.

поодбере повеќе

Види и: одбере (св.)
поодберат
Вид збор: Глагол, свршен
Разбере, сфати малку, донекаде.
Албански: kuptoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ништо не поодбра од разговорот.

проникне повеќе

проникнат
Вид збор: Глагол, свршен
Сфати, влезе во суштината на нешто.
Албански: kuptoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој многу брзо проникна во работите.

разбере повеќе

разберат
Вид збор: Глагол, свршен
Сфати смисла, содржина, значење на нешто.
Албански: kuptoj
Примери:
Не можеше да разбере ниеден збор.

сознава повеќе

Види и: сознае (св.)
сознаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
сфати, сфаќа
Албански: kuptoj

сознае повеќе

сознам
Вид збор: Глагол, свршен
сфати
Албански: kuptoj
Примери:
Ќе сознае дека згрешил.

сфати повеќе

сфатија
Вид збор: Глагол, свршен
запамети, усвои, узнае
Албански: kupton
Примери:
Детето брзо ги сфати првите лекции.

сфаќа повеќе

Види и: сфати (св.)
сфаќаат
Вид збор: Глагол, несвршен
сфати