разбере
разберат; разбери, разберам, разберете; разбрав, разбраа; разбрал; разбран, (ќе) разберев, (ќе) разбереа, (ќе) разберел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 297
1.
Сфати смисла, содржина, значење на нешто.
Англиски:
comprehend
Албански:
kuptoj
Не можеше да разбере ниеден збор.
Ништо не разбирам.
Разбра?
Слично со:
сфати (св.)
2.
Добие определено мислење за нешто, прецени.
Англиски:
understand
Албански:
kuptoj
Можеби згрешив, но јас така го разбрав неговото држење.
3.
Сподели чувства, мисли, желби со некого.
Примери:
Го разбрав, но не можев да му помогнам.
Единствено тој ме разбра.
4.
Узнае мисли, намери, погледи, зборови, постапки на некого.
Англиски:
hear
Албански:
dëgjoj, mësoj
Разбрав дека сте биле вчера на излет.
Разбрав што си зборувал на состанокот.
Слично со:
узнае (св.)
5.
Добие информации за некого, узнае каде е и како е некој.
Примери:
Не сум разбрал ништо за неа.
Тогаш ја разбрале оти била самовила.
7.
Сети задоволство од нешто.
Англиски:
experience
Албански:
përjetoj
Ништо не разбра од младоста.
9.
(се разбере) (само во 3 л. едн.) - Стане јасно, очигледно.
Примери:
После се разбра дека тој бил таму.
Слично со:
открие (св.)
11.
(се разбере) Се спогоди, се согласи со некого.
Примери:
Како пријатели тие лесно ќе се разберат.
12.
собере (од разни страни)
Примери:
После ги разбрале сите свои луѓе, гости сториле за три недели.
Слично со:
собере (св.)