coupon - онтологија

бон повеќе

мн. бонови
Вид збор: Именка, машки род
Печатени маркици со кои се одредува количина на некој паричен износ, обично поради рационализација на потрошувачката на одреден производ.
Албански: bon, kupon
Употреба: Економија
Примери:
Боновите за месо од претходниот месец сега може да се искористат за купување на шеќер.

купон повеќе

мн. купони
Вид збор: Именка, машки род
Дел од вредносна хартија што се носи за наплата на достасана камата или дивиденда.
Албански: kupon, triskë
Употреба: Економија
Исечок од влезница што се одзема при влегување.
Албански: kupon
Примери:
Ги собра контролните купони од претставата.
Исечок, дел од некоја целина што се пополнува.
Албански: kupon
Примери:
Собира купони за наградна игра.
Карта за рационално снабдување.
Албански: kupon, triskë
Примери:
Hа народот му делеа купони за леб.

талон повеќе

мн. талони
Вид збор: Именка, машки род
Контролен документ, купон со кој се потврдува правото на учество или користење на нешто.
Албански: kupon
Употреба: Економија