абнормалниот
Вид збор: Придавка
Што е духовно растроен.
Примери:
Тој е параноиден и абнормален човек.
безумниот
Вид збор: Придавка
Што е без ум.
Примери:
Безумна игра на животот и смртта.
Вид збор: Именка, машки род
Само со имиња.
Примери:
Дели Мустафа.
Вид збор: Прилог
Bо голем, луд занес, претерано занесено.
Примери:
Ме гледаше залудено.
избезумениот
Вид збор: Придавка
Што се избезумил.
Примери:
Избезумена старица плачеше и корнеше коси.
испобудалат
Вид збор: Глагол, свршен
Придонесе некој да побудали во голема мера.
Примери:
Ме испобудалија сите овие сплетки.
исчуканиот
Вид збор: Придавка
Што е збудален, ненормален.
Примери:
исчукан мозок
налудничавиот
Вид збор: Придавка
Што не е сосема луд, мрднат, чакнат.
Примери:
налудничава мода, налудничаво време
наудрениот
Вид збор: Придавка
чукнат, мрднат, луд
Примери:
Кога треба да враќа пари – тогаш се прави наудрен.
палави
Вид збор: Придавка
луд, безумен
Примери:
(нар. поез.) Туку шета низ ордија, / низ ордија како палав.
поулавени
Вид збор: Придавка
Што е избезумен, што е полуден.
Примери:
Поулавен од болка.
разлудениот
Вид збор: Придавка
Што е умствено растроен во нагласена мера; станал луд или уште полуд.
Примери:
разлуден човек
Непромислен, неразумен во голема мера.
Примери:
разлудени постапки
разулавениот
Вид збор: Придавка
Што е поулавен, безумен, избезумен, збеснат.
Примери:
разулавен коњ
смавнати
Вид збор: Придавка
спобудален, спопалавен, споулавен
чалнати
Вид збор: Придавка
За човек – мрднат со умот, удрен, мавнат, чакнат.
чукнати
Вид збор: Придавка
Благо ментално заостанат.
Примери:
Чукнат глава, чукнат од умот.
шашави
Вид збор: Придавка
будлест, луд, несериозен, неодвоворен, налудничав
Примери:
шашава идеја
швркнатиот
Вид збор: Придавка
удрен, луд
Примери:
Тој изгледа малку швркнат.