diligent - онтологија

асолен повеќе

асолни
Вид збор: Придавка
добар, вреден, корисен
Турски: asil
Употреба: Разговорно
Примери:
Зетот се погоди асолен човек.

вреден повеќе

вредни
Вид збор: Придавка
Што работи со љубов и пожртвуваност.
Албански: i vyeshëm, i zellshëm
Примери:
Му се погоди вредна снаа.

марлив повеќе

марливиот
Вид збор: Придавка
работлив, вреден
Употреба: Дијалектен збор

пргав повеќе

пргави
Вид збор: Придавка
Што е многу вешт во работата, што е многу вреден, работлив.
Примери:
Пргава девојка.

прилежен повеќе

прилежниот
Вид збор: Придавка
вреден, работлив
Примери:
прилежен ученик

работен повеќе

Види и: работи (несв.)
работни
Вид збор: Придавка
Кој сака да работи, трудољубив.
Примери:
Ќерка му беше многу работна.

работлив повеќе

работливи
Вид збор: Придавка
Кој сака да работи, трудољубив, работен.
Примери:
Сите тие беа работливи, послушни.

ревносен повеќе

ревносна
Вид збор: Придавка
Исполнет со ревност, со залагање за нешто.
Примери:
ревносни членови на колективот

трудољубив повеќе

трудољубиви
Вид збор: Придавка
Што ја сака работата, трудот.

труженички повеќе

труженичка
Вид збор: Придавка
Исполнет со залагање, со упорен труд.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Труженички живот.