dismount - онтологија

изоглави повеќе

изоглават
Вид збор: Глагол, свршен
Извади оглав од коњ, магаре или маска.
Албански: zhgedhë, kapistër
Примери:
Ги изоглави коњите и ги пушти да пасат.

одоглави повеќе

одоглават
Вид збор: Глагол, свршен
Извади, симне оглав.
Примери:
Го одоглави коњот и го пушти да пасе.

отпрега повеќе

отпрегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
отпрегнува

отпрегне повеќе

отпрегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи добиток (коњ, маска, вол) од запрега.
Примери:
Ги отпрегна воловите и ги пушти да пасат.

отседла повеќе

отседлаат
Вид збор: Глагол, свршен
Симне седло на коњ и сл.
Примери:
Отседлај го коњот.

отспрегне повеќе

отспрегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Оcлободи од запрега.
Примери:
Ги отспрегнал коњите.

разружа повеќе

разружува
Вид збор: Глагол, свршен
Симне од некого или нешто опрема, накит и сл.
Албански: heq stoli, pajisje nga trupi
Примери:
Стигна и веднаш го разружа коњот.
(се разружа) Се ослободи од опрема или накит.
Албански: zbres pajisje, stoli nga trupi
Примери:
И навреден брзо се разружа.

раседла повеќе

раседлаат
Вид збор: Глагол, свршен
Симне седло или самар на оседлано животно.
Примери:
Ги раседлаа коњите.

раседлува повеќе

Види и: раседла (св.)
раседлуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
раседла

симне повеќе

симнат
Вид збор: Глагол, свршен
Откачи нешто закачено; отстрани нешто што покрива некоја површина.
Албански: çmontoj
Примери:
Симне седло.
(се симне) Слезе од превозно средство или од добиче.
Албански: zbret
Примери:
Детето не може да се симне од коњот.