пушти
пуштат; пуштил; пуштија; пуштен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 481
1.
Престане да држи, да задржува.
Примери:
Го пушти железото од раце и рипна врз него.
Таа го пушти бардето, а тоа падна крај нејзините нозе.
Спротивно од:
држи (несв.)
2.
Ослободи затворен, задржан.
Примери:
Момчето го пушти јазовецот од стапицата.
Девојчето ја пушти птицата од кафезот.
Слично со:
ослободи (св.)
3.
Остави, дозволи да врши некое дејство.
Примери:
Таа ги пушти децата да си играат во нејзиниот двор.
Јас Ве пуштив да правите што сакате.
Тие го пуштија да зборува.
4.
Стави во дејство, во активност објект (фабрика, погон).
Примери:
Претседателот на општината ја пушти во работа новата електрана.
Најстарата работничка го пушти погонот во производство.
5.
(за животно) Дозволи да се движи слободно, да се храни.
Албански:
liroj
Девојчето ги пуштило козите да пасат по (во) градината.
Тие го пуштиле коњот сношти да ака низ горјето.
Соседот ги пуштил свињите по полето.
6.
Управи кон некого.
Примери:
Тој им ги пушти кучињата на децата за да ги заплаши.
7.
(За растение) кога е во процес на растење.
Примери:
Јаболкницата пуштила корен веднаш до прагот на куќата.
Садниците пуштиле гранчиња.
8.
Остави да му порасне брада, мустаќи, коса.
Примери:
Таа пуштила коси под рамена.
Тој пуштил мустаќи и брада и мисли дека е голем маж.
9.
Издаде весник, списание и сл.
Примери:
Вчера го пуштивме третиот број „Литературен збор„ за оваа година.
10.
Испрати, испраќа: пари, писмо, глас и сл.
Примери:
Родителите му пуштиле писмо и пари, ама никој не се јавувал.
Слично со:
испрати (св.)
11.
се насолзи, плаче
Примери:
Таа пушти неколку солзи кога дозна за настанот, но не се расплака онака од срце.
Слично со:
расплаче (св.)
12.
(се пушти) Се одврзе или се ослободи.
Примери:
Тој го пушти кучето од неговата куќичка.
Слично со:
одврзе (св.)
13.
(се пушти) Се стрчне по некого, за да нападне, да фати, да задржи и сл.
Примери:
Се пушти по него и го фати за кусо време.
Слично со:
затрча (св.)
14.
Се нафрли некому со зборови.
Примери:
Кога му се пушти, му изнакажа што му дојде на уста.
Слично со:
нафрли (св.)
Изрази
Пушти душа - почина, умре.
Пушти срце - се ослободи од притисок.
Пушти корен (за растение) - се зафати, почне да расте.
Пушти мозок на пасење - се опушти, се релаксира целосно.