distance - онтологија

далекост повеќе

мн. далекости
Вид збор: Именка, женски род
далечина

далечина повеќе

мн. далечини
Вид збор: Именка, женски род
Растојание меѓу две точки или меѓу два предмета; оддалеченост во просторот.
Примери:
Дрвјата се садени на еднаква далечина.

далнина повеќе

Види и: далечина (ж.)
мн. далнини
Вид збор: Именка, женски род
далечина
Употреба: Поетски збор

дистанца повеќе

мн. дистанци
Вид збор: Именка, женски род
Оддалеченост, растојание од нешто до нешто во просторот и во времето.
Примери:
просторна дистанца

дистанцира повеќе

(се) дистанцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Тргне, тргнува нешто од нешто на некое растојание.
Примери:
Се дистанцира од проблемот.

меѓупростор повеќе

мн. меѓупростори
Вид збор: Именка, машки род
временски или просторен интервал

огради повеќе

оградат
Вид збор: Глагол, свршен
(се огради) Се ограничи, не се сложи со нешто.
Албански: distancohem, kufizohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Јас се оградив од неговите забелешки.

одвои повеќе

одвојат
Вид збор: Глагол, свршен
(се одвои) Се оддалечи од нешто.
Албански: largoj, distancoj
Примери:
Тој се одвои од прозорецот и седна на креветот.

оддалеченост повеќе

Види и: оддалечен (прид.)
(едн.) оддалеченоста
Вид збор: Именка, женски род
далечина
Албански: largësi, distancë
Примери:
Оддалеченоста не им пречеше, контактираа по телефон.
Растојание меѓу две точки.
Албански: largësi, distancë
Примери:
Оддалеченоста меѓу двете села беше дваесетина километри.

оддалечи повеќе

оддалечат
Вид збор: Глагол, свршен
Отуѓи некого, направи да олади во односите со некого.
Албански: distancoj, largoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа случка ги оддалечи двајцата другари.
(се оддалечи) Отиде подалеку.
Албански: largohem, distancohem
Примери:
Со брзи чекори се оддалечи од куќата.

однароди повеќе

однародат
Вид збор: Глагол, свршен
(се однароди) Се отуѓи од сопствениот народ.
Албански: tjetërsoj, largoj

одроди повеќе

одродат
Вид збор: Глагол, свршен
(се одроди) Се оттргне, се оддалечи од роднини, блиски.
Албански: çfisnoj
Примери:
Откако остана сам во куќата, се одроди од малкуте роднини што му останаа.

отскок повеќе

мн. отскоци
Вид збор: Именка, машки род
Далечината од местото од кое се скока до местото што ќе се достигне со скокот.
Албански: kërcim
Примери:
Отскокот му беше три метри.

отстојание повеќе

мн. отстојанија
Вид збор: Именка, среден род
растојание

отстрани повеќе

отстранат
Вид збор: Глагол, свршен
Одврати од некого или од нешто.
Албански: largon, distancon
Примери:
Таа ме отстрани од другарите.

поодбегне повеќе

Види и: одбегне (св.)
поодбегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Одбегне, избегне малку, донекаде.
Албански: ik, largohet
Примери:
Кога се заврте, таа беше веќе поодбегнала.

пооддалечи повеќе

(се) пооддалечат
Вид збор: Глагол, свршен
Движејќи отиде малку подалеку, се оддалечи на определено растојание.
Албански: largoj, distancoj
Примери:
Тој беше се пооддалечил повеќе од стотина метри.
Престане да биде близок со некого, се отуѓи малку.
Албански: largohem, distancohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не излегуваше толку често и се пооддалечи од другарите.

поодмине повеќе

поодминат
Вид збор: Глагол, свршен
Отиде малку подалеку, се оддалечи на определено растојание.
Албански: shkon më tutje, largohem
Примери:
Тој седнал да отпочине, додека неговите другари поодминале.

простор повеќе

мн. простори
Вид збор: Именка, машки род
Растојание, оддалеченост меѓу две или повеќе работи, лица, предмети и сл.
Албански: distancë
Примери:
Просторот меѓу буквите (зборовите) треба да се намали.

раздалек повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Далечина помеѓу два предмета.
Примери:
На раздалек.

раздалеч повеќе

Вид збор: Именка, машки род
раздалек

раздалеченост повеќе

(едн.) рездалеченоста
Вид збор: Именка, женски род
далечина, растојание, раздалек

раздалечи повеќе

раздалечат
Вид збор: Глагол, свршен
Наголеми растојание помеѓу предмети.
Албански: largoj, distancoj
(се раздалечи) се оддалечи
Албански: largohem

раздалечина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Далечина помеѓу два предмета.

раздалечува повеќе

Види и: раздалечи (св.)
(се) раздалечуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раздалечи, (се) оддалечува

раздалечување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
оддалечување

растојание повеќе

мн. растојанија
Вид збор: Именка, среден род
Пространство или временска оддалеченост меѓу две точки, два предмета или два настана и сл.
Албански: distancë
Примери:
Растојанието меѓу нив се намалуваше.