оддалечи
оддалечат; оддалечил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2391
1.
Премести нешто, однесе на поголемо растојание, зголеми растојание.
Примери:
Оддалечи ги сликите една од друга.
2.
Временски помести, одложи нешто.
Англиски:
postpone
Албански:
shtyj, zgjas
Поројните дождови ја оддалечија сеидбата.
3.
Отуѓи некого, направи да олади во односите со некого.
Примери:
Таа случка ги оддалечи двајцата другари.
4.
(се оддалечи) Отиде подалеку.
Англиски:
distance
Албански:
largohem, distancohem
Со брзи чекори се оддалечи од куќата.
5.
Се отуѓи, олади во односите со некого.
Англиски:
alienate
Албански:
largoj, tjetërsoj
Се оддалечи од роднините.
Изведенки
1.
оддалечува несв.
(се) оддалечуваат
(се) оддалечуваат
2.
оддалечување ср.
глаг. им.
глаг. им.