а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одбегне

одбегнат; одбегни, одбегнете; одбегнав, одбегнаа; одбегнал; одбегнат; (ќе) одбегнев, (ќе) одбегнеа; (ќе) одбегнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7162
1. Избега, побегне од некого или од нешто.
Англиски: escape Албански: ikë, largohem, arratisem
Примери:
Јас одбегнав од дома.
Тие одбегнаа во планината.
Тој не успеа да одбегне од судбината.
2. Избегне да направи нешто, не направи нешто.
Англиски: evade Албански: shmangem
Примери:
Тој одбегна да одговори на прашањето.
Таа одбегна да разговара за делба на имотот.
3. Избегне средба со некого, не сака да види некого.
Англиски: avoid Албански: shmangem
Примери:
Се плашеше од неа и настојуваше да ја одбегне.
Таа го одбегна неговиот поглед.
Ме одбегнаа сосема и ме заборавија.
4. Избегне нешто, се тргне, се заштити од нешто.
Англиски: avoid Албански: shmangem, largohem
Примери:
Одвај ја одбегнавме силната бура.
Тој го одбегна ударот на секирата.
Изведенки
1. одбегнува несв.
одбегнуваат
2. одбегнување ср.
глаг. им.