distance - онтологија

дистанцира повеќе

(се) дистанцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Тргне, тргнува нешто од нешто на некое растојание.
Примери:
Се дистанцира од проблемот.

огради повеќе

оградат
Вид збор: Глагол, свршен
(се огради) Се ограничи, не се сложи со нешто.
Албански: distancohem, kufizohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Јас се оградив од неговите забелешки.

одвои повеќе

одвојат
Вид збор: Глагол, свршен
(се одвои) Се оддалечи од нешто.
Албански: largoj, distancoj
Примери:
Тој се одвои од прозорецот и седна на креветот.

оддалечи повеќе

оддалечат
Вид збор: Глагол, свршен
Отуѓи некого, направи да олади во односите со некого.
Албански: distancoj, largoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа случка ги оддалечи двајцата другари.
(се оддалечи) Отиде подалеку.
Албански: largohem, distancohem
Примери:
Со брзи чекори се оддалечи од куќата.

однароди повеќе

однародат
Вид збор: Глагол, свршен
(се однароди) Се отуѓи од сопствениот народ.
Албански: tjetërsoj, largoj

одроди повеќе

одродат
Вид збор: Глагол, свршен
(се одроди) Се оттргне, се оддалечи од роднини, блиски.
Албански: çfisnoj
Примери:
Откако остана сам во куќата, се одроди од малкуте роднини што му останаа.

отстрани повеќе

отстранат
Вид збор: Глагол, свршен
Одврати од некого или од нешто.
Албански: largon, distancon
Примери:
Таа ме отстрани од другарите.

поодбегне повеќе

Види и: одбегне (св.)
поодбегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Одбегне, избегне малку, донекаде.
Албански: ik, largohet
Примери:
Кога се заврте, таа беше веќе поодбегнала.

пооддалечи повеќе

(се) пооддалечат
Вид збор: Глагол, свршен
Движејќи отиде малку подалеку, се оддалечи на определено растојание.
Албански: largoj, distancoj
Примери:
Тој беше се пооддалечил повеќе од стотина метри.
Престане да биде близок со некого, се отуѓи малку.
Албански: largohem, distancohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не излегуваше толку често и се пооддалечи од другарите.

поодмине повеќе

поодминат
Вид збор: Глагол, свршен
Отиде малку подалеку, се оддалечи на определено растојание.
Албански: shkon më tutje, largohem
Примери:
Тој седнал да отпочине, додека неговите другари поодминале.

раздалечи повеќе

раздалечат
Вид збор: Глагол, свршен
Наголеми растојание помеѓу предмети.
Албански: largoj, distancoj
(се раздалечи) се оддалечи
Албански: largohem

раздалечува повеќе

Види и: раздалечи (св.)
(се) раздалечуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раздалечи, (се) оддалечува