dragon - онтологија

аждаја повеќе

мн. аждаи
Вид збор: Именка, женски род
аждер
Употреба: Разговорно

аждер повеќе

мн. аждери
Вид збор: Именка, машки род
Огромно чудовиште, ала, змеј, понекогаш повеќеглав и крилат, што јаде, раскинува луѓе и животни.
Турски: ejderha Албански: kulçedër
Примери:
Аждер седмоглавец.

ала повеќе

мн. али
Вид збор: Именка, женски род
аждер
Употреба: Архаизам
Примери:
Жртви се на тие алчни али.

дракон повеќе

мн. дракони
Вид збор: Именка, машки род
змеј
Грчки: δράκων
Употреба: Архаизам

змев повеќе

Види и: змеј (м.)
мн. змевови
Вид збор: Именка, машки род
змеј
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
А јас, а да се престорам во змев, да летнам, да го растурам...

змеј повеќе

мн. змејови
Вид збор: Именка, машки род
Огромно чудовиште од приказните со една или повеќе глави, со крила и опашка, кое најчесто се храни со луѓе.
Албански: dragua
Употреба: Митологија
Примери:
Секоја година змејот јадел по една убавица од царството.

змејко повеќе

мн. змејковци
Вид збор: Именка, среден род
змеј
Албански: drague, kulshedër
Употреба: Деминутив

ламја повеќе

мн. ламји
Вид збор: Именка, женски род
Митолошко чудовиште со крилја, честопати со повеќе глави и опашки што фрла оган од устата.
Албански: dragon, kulshedër
Употреба: Митологија
Примери:
Јунакот ја затвори ламјата во ковчегот.

ламња повеќе

Види и: ламја (ж.)
мн. ламњи
Вид збор: Именка, женски род
ламја
Употреба: Дијалектен збор