dress - онтологија

алишта повеќе

алиштата
Вид збор: Именка, множина
руба, облека
Примери:
невестински алишта

вовлече повеќе

вовлечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вовлече) Се облече, се навре, се собере во нешто.
Албански: vesh
Примери:
Се вовлече во сивото палто.

дооблекува повеќе

дооблекуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Облекува до крај.
Примери:
Го дооблекуваше детето.

дреа повеќе

мн. дреи
Вид збор: Именка, женски род
облека
Употреба: Дијалектен збор

дрес повеќе

мн. дресови
Вид збор: Именка, машки род
Спортска облека во која се настапува.
Употреба: Спорт

изнаоблече повеќе

Види и: наоблече (св.)
изнаоблечат
Вид збор: Глагол, свршен
Наоблече многу облека.
Албански: vesh
Примери:
Изнаоблече едни дебели џемпери.
Изнаоблече некого со многу облека.
Албански: vesh shumë
Примери:
Ги изнаоблече децата, ќе се испотат.
(се изнаоблече) се наоблече
Албански: vishem
Примери:
Се изнаоблече добро, па излезе надвор.

изоблече повеќе

Види и: облече (св.)
изоблечат
Вид збор: Глагол, свршен
Облече некого добро, убаво.
Албански: vesh mirë
Примери:
Ја изоблекоа старата да не настине.

навира повеќе

Види и: навре (св.)
навираат
Вид збор: Глагол, несвршен
навре, облече
Албански: vesh, mbath

навре повеќе

наврат
Вид збор: Глагол, свршен
Облече, обуе набрзина, како било.
Албански: vesh
Примери:
Ја навре кошулата и ја напика во панталоните.

наоблече повеќе

наоблечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наоблече) Се облече добро, богато или премногу.
Албански: vesh mirë

облака повеќе

облакаат
Вид збор: Глагол, несвршен
облекува
Употреба: Дијалектен збор

облече повеќе

облечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се облече) Се покрие со облека, стави врз себеси облека.
Албански: vesh
Примери:
Тој се облече и излезе надвор.

приоблече повеќе

Види и: облече (св.)
приоблечат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави облека на себе, облече набрзина.
Албански: vesh
Примери:
Го приоблече џемперот и истрча низ врата.
Снабди облека во некоја мера.
Албански: vishem
Примери:
Мајката ја потроши целата заштеда да ги приоблече децата за в училиште.
(се приоблече) Се снабди со облека во некоја мера.
Албански: vishem
Примери:
Отидоа да купат дарови и да се приоблечат за свадба.

промена повеќе

мн. промени
Вид збор: Именка, женски род
нов фустан, нов костум
Албански: fustan
Примери:
Девојката беше во бела промена.

руба повеќе

(едн.) рубата
Вид збор: Именка, женски род
облека, алишта
Турски: ruba Албански: veshje
Примери:
Направи ми една машка руба.

руво повеќе

мн. рува
Вид збор: Именка, среден род
Облека, обично горна.
Примери:
невестинско руво

саиче повеќе

Вид збор: Именка, среден род
саја
Употреба: Деминутив

тоалета повеќе

мн. тоалети
Вид збор: Именка, женски род
облека, обично горна женска
Француски: toilette Албански: veshje
Примери:
раскошна тоалета
Маса со огледала што служи за дотерување.
Француски: toilette Албански: tryezë tualeti
Просторија за облекување, дотерување, гардероба.
Француски: toilette Албански: garderobë, dhomë veshje
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
театарска тоалета

фустан повеќе

мн. фустани
Вид збор: Именка, машки род
Вообичаена едноделна женска облека.
Турски: fistan Албански: fustan
Примери:
Невестински фустан.