вработат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави, прими некого на работа, во работен однос.
Примери:
Го вработија во една живинарска фарма.
Вид збор: Глагол, несвршен
вработи
Примери:
Се вработува како волонтер во една печатница.
залебат
Вид збор: Глагол, свршен
Обезбеди работа, служба некому, вработи некого.
Примери:
Молеше да и го залебат синот во фабриката.
земат
Вид збор: Глагол, свршен
Прими на работа, назначи на служба некого.
Примери:
Тие зедоа куќна помошничка.
наместат
Вид збор: Глагол, свршен
Вработи некого.
Примери:
Го наместил синот за директор на фирмата.
примаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Назначува на служба некого, зема на работа.
Албански:
pranoj, punësoj
Примери:
Се распраша дали примаат нови работници во фабриката.
примат
Вид збор: Глагол, свршен
Назначи на служба некого, земе на работа, вработи.
Примери:
Тој го прими момчето во својата фирма.