а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прима

примаат; примал; примајќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1980
1. Пречекува, дочекува некого во својот дом.
Англиски: receive Албански: pranoj
Примери:
Тој е мој драг гостин и јас секогаш го примам со задоволство.
2. Дочекува некого во канцеларија, ординација и дава услуги, работи.
Англиски: receive Албански: pranoj
Примери:
Лекарот прима само попладне.
3. Прифаќа, воведува некого во свое друштво, зачленува.
Албански: pranoj
Примери:
Не примаа секого во нивното друштво.
Тие ги примија само со изјава на нивната организација.
4. Добива нешто што е упатено, испратено, наменето.
Англиски: receive Албански: marr, pranoj
Примери:
Таа постојано прима поплаки од нив.
Поради грипот тој мора да прима инјекции.
Стока воопшто не примаме.
Таа постојано примаше писма од различни страни на светот.
5. Добива, зема како приход.
Англиски: receive Албански: marr, fitoj
Примери:
Добро си ја вршам работата и примам плата за тоа.
6. Презема, прифаќа нешто туѓо.
Англиски: accept Албански: pranoj, akceptoj
Примери:
Народот тешко ги прима новите производи.
7. Назначува на служба некого, зема на работа.
Англиски: employ Албански: pranoj, punësoj
Примери:
Се распраша дали примаат нови работници во фабриката.
8. Прифаќа нешто на определен начин, реагира на нешто.
Англиски: receive Албански: pranoj
Примери:
Навредата ја примаше сè така насмевнат, само собирајќи ги рамениците.
Тој сето тоа го примаше рамнодушно.
Задачата што му ја доверија, тој ја прими со гордост.
9. Сфаќа нешто како факт, како вистина и свикнува на тоа.
Англиски: accept Албански: akceptoj
Примери:
Неговите лаги тој ги примаше како вистина.
Навикнат да се борам, јас, и сегашната ситуација ја примам како дел од постојаната борба.
10. Прифаќа, усвојува, одобрува нешто.
Англиски: accept Албански: pranoj, akceptoj
Примери:
Неговиот син со задоволство ги примаше неговите совети.
Констатацијата на одбраната судот ја прима како правилна.
11. За стомак - поднесува.
Англиски: endure Албански: pranoj
Примери:
Стомакот лутото не му го прима.
12. За река, езеро - добива како прилив.
Албански: pranoj
Примери:
Реката во своето корито го носеше само едниот дел од водата што ја примаше.
13. (се прима) Се прифаќа, се согласува да прими на должност, работа и сл.
Англиски: agree Албански: pranoj
Примери:
Не сакаше да објасни зошто не се прима за раководител.
14. (се прима) За растение - се фаќа, пушта корен, почнува да расте.
Англиски: acclimatize Албански: zë, bëhet
Примери:
Во овој крај сончогледот тешко се прима.