прими
примат; прилил; примен, (ќе) примев, (ќе) примел; преимено
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1225
1.
Пречека некого во својот дом.
Примери:
Нашите пријатели нè примија многу срдечно.
Тој ме прими како најблизок.
Слично со:
пречека (св.)
2.
Пречека некого во канцеларија или ординација и даде услуги.
Примери:
Лекарот ги прими сите пациенти од чекалницата.
Деновиве ќе го примеле на одделни средби претседателот на Управниот суд.
3.
Пречека некого во официјална посета; поздрави гости.
Англиски:
receive
Албански:
pranoj, prit
Премиерот ќе прими странска делегација.
4.
Земе во постапка нешто предадено, доставено по службен пат.
Примери:
Архиварката го прими пристигнатиот материјал.
5.
Прифати, воведе, вклучи во свој состав, зачлени.
Примери:
Него го примија во подмладокот на фудбалскиот клуб.
Слично со:
прифати (св.)
6.
Стане следбеник на некоја религија.
Примери:
Тој го прими христијанството.
7.
Добие нешто што е упатено, испратено, наменето.
Примери:
Тој ја прими дипломата за завршените студии.
Децата примија новогодишни подароци.
Слично со:
добие (св.)
8.
Добие, земе како приход.
Англиски:
receive
Албански:
pranoj, merr
Тој ја прими првата плата.
Тој го прими авторскиот хонорар за книгата.
9.
Назначи на служба некого, земе на работа, вработи.
Примери:
Тој го прими момчето во својата фирма.
Слично со:
вработи (св.)
10.
Прифати нешто на определен начин, реагира на нешто.
Англиски:
appoint
Албански:
pranoj, merr
Со голема претпазливост ја примија веста за новите настани.
Работникот со резерва ја прими понудата за новото работно место.
Публиката воодушевено ја прими новата театарска претстава.
Слично со:
прифати (св.)
11.
Сфати нешто како факт, како вистина.
Примери:
Смртта на детето, мајката не можеше да ја прими како вистина.
Сето тоа го прими како неминовност.
12.
Обезбеди престој, ноќевање, засолниште и сл.
Англиски:
accommodate
Албански:
akomodoj
Тој замоли да го примат само една вечер на спиење.
Нашата држава ги прими бегалците.
13.
Преземе, прифати нешто што му се предлага.
Примери:
Ја прими дожноста за амбасадор.
Ја прими одговорноста за неуспехот и си даде оставка.
14.
Прифати, одобри, усвои нешто.
Примери:
Тој прими совет од лекарот.
Ја прими работната задача без поговор.
Го прими предлогот за изработка на нов проект.
15.
За просторија - збере, собере.
Англиски:
accommodate
Албански:
akomodoj
Ресторанот може да прими стотина гости.
Слично со:
збере (св.)
16.
Земе, добие нешто при лекување (лек, вакцина, инјекција).
Англиски:
receive
Албански:
merr, pranoj
Болниот прими неколку инјекции и температурата се намали.
Кучето прими вакцина против беснило.
Пациентот прими терапија.