entangle - онтологија

вплете повеќе

вплетат
Вид збор: Глагол, свршен
Преплете едно со друго.
Албански: ngatërroj
Примери:
Борачите си ги вплетоа прстите.
(се вплете) Се заплетка во нешто.
Албански: ngatërroj
Примери:
Кученцето, преплашено, се вплете во неговите нозе.

вплетка повеќе

вплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заплетка нешто.
Албански: ngatrroj
Примери:
Еден сколовранец беше си ја вплеткал ногата во мрежата на една лоза.
(се вплетка) Се заплетка во нешто.
Албански: ngatrrohem
Примери:
Бубачката се вплетка во густата пајажина.

дозаплетка повеќе

Види и: заплетка (св.)
дозаплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заплетка нешто уште повеќе, до крај.
Албански: ngatërroj edhe më tepër
Примери:
Сакајќи да помогнам, уште толку ја дозаплеткав преѓата.
(се дозаплетка) Се заплетка уште повеќе, до крај.
Албански: ngatërrohem edhe më shumë

забуричка повеќе

Види и: буричка (несв.)
забуричкаат
Вид збор: Глагол, свршен
замеша, заплетка
Албански: ngatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не требаше да ја забуричкате работата.
(се забуричка) се замеша, се заплетка
Албански: natërroj
Примери:
Се забуричкал во политика.

заврзе повеќе

заврзат
Вид збор: Глагол, свршен
(се заврзе) се заплетка, се врзе
Албански: ngatërroj
Примери:
Конецот ѝ се заврза неколку пати.

замрси повеќе

замрсат
Вид збор: Глагол, свршен
За конец, јаже, коса - направи да биде во неред.
Албански: ngatërroj
Примери:
Таа го замрси конецот со кој везеше.
(се замрси) Се заплетка, се исплетка.
Албански: ngatërroj
Примери:
При плетењето ѝ се замрси конецот.

заплете повеќе

Види и: плете (несв.)
заплетат
Вид збор: Глагол, свршен
(се заплете) се заплетка
Албански: ngatërroj
Примери:
Ми се заплете конецот при везењето.

заплетка повеќе

заплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
За конец, предено - направи да биде во неред.
Албански: ngatërroj
Примери:
Детето ми ги заплетка конците за шиење.
(се заплетка) се замрси
Албански: ngatërroj
Примери:
Додека везев, конецот ми се заплетка неколку пати.

изметка повеќе

изметкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Замрси конци, заплетка преѓа.
Примери:
Жените сновејќи го изметкаа преденото.

измрси повеќе

измрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Заплетка, мрси нешто до крај, целосно.
Албански: tollovit, përziej, ngatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги измрси конците.

исплетка повеќе

Види и: плетка (несв.)
исплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заплетка, направи нешто да биде заплеткано.
Албански: ngatërroj
Примери:
Ги исплетка конците.

испреплете повеќе

испреплетат
Вид збор: Глагол, свршен
Преплете нешто во голема мера.
Албански: ngatërroj
Примери:
Ја испреплете боцкавата жица.

испреплетка повеќе

Види и: испреплете (св.)
испреплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исплетка нешто во голема мера.
Примери:
Мачето ги испреплетка конците.

метка повеќе

меткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
плетка, заплеткува, замрсува
Албански: ngatërroj
Примери:
Го меткаше конецот при шиењето.

обмота повеќе

обмотаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се обмота) Се обвитка околу некого или нешто.
Примери:
Се обмота околу неговото тело.

плете повеќе

плетат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се плете) се врзува
Албански: thuret, ngatërrohet
Примери:
Лозата се плете околу дрвото.

плетка повеќе

плеткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се плетка) се мрси
Албански: ngatërroj
Примери:
Конецов многу се плетка.

преплете повеќе

преплетат
Вид збор: Глагол, свршен
(се преплете) Се сплете, се вкрсти меѓусебно.
Албански: ngatërroj
Примери:
Гранките на кајсијата се преплетоа.

привива повеќе

прививаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Почне да се вие цврсто околу нешто.
Албански: ngatërroj, lidh
Примери:
Бршленот привива околу оградата на дворот.

смота повеќе

смотаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се смота) се замрси
Албански: pështjelloj
Примери:
Конецот се смота околу ногарката на столот.

смрси повеќе

Види и: мрси (несв.)
смрсат
Вид збор: Глагол, свршен
За коса, нишки - преплете без ред.
Албански: ngatërroj
Примери:
И си смрси руси коси.
(се смрси) Се преплете без ред.
Албански: ngatërroj
Примери:
Нишките ѝ се смрсија.

смрсува повеќе

Види и: смрси (св.)
(се) смрсуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) смрси

сплетка повеќе

сплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
замрси, преплете, заплетка
Албански: ngatërroj
Примери:
Ги сплетка конците.
(се сплетка) Преплете се едно во друго.
Албански: ngatërroj
Примери:
Се сплетка преѓата.
(се сплетка) Стапи во неодобрена, недозволена љубовна врска.
Албански: ngatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се сплеткал со некоја распуштеница.

усложни повеќе

усложнија
Вид збор: Глагол, свршен
(се усложни) се комплицира, се замрси, се заплетка
Албански: komplikoj, kokoleps
Примери:
Работите се усложнија.