excite - онтологија

возбуди повеќе

возбудат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика возбуда, вознемири, обеспокои некого.
Албански: emocionoj
Примери:
Неговото раскажување ги возбуди луѓето.

зашемети повеќе

зашеметат
Вид збор: Глагол, свршен
Вчудовиди, силно возбуди некого.
Албански: nxeh, shqetsoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Веста го зашемети.
(се зашемети) Се вчудовиди, силно се возбуди.
Албански: shqetsoj

згорешти повеќе

(се) згорештат
Вид збор: Глагол, свршен
Се разжести, силно се возбуди.
Албански: nxehem, kallem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Атмосферата во салата се згорешти.

надразни повеќе

надразнат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе некого во состојба на силна возбуда, предизвика надразба.
Албански: ngacmoj, iritoj

одушеви повеќе

одушеват
Вид збор: Глагол, свршен
(се одушеви) Се восхити, се возбуди.
Албански: eksitoj, emocionoj
Примери:
Тие се одушевија од прекрасната природа.

пали повеќе

палат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пали) се воодушевува
Албански: nxeh, ngacmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Бргу се пали!

поразбранува повеќе

Види и: разбранува (несв.)
поразбрануваат
Вид збор: Глагол, свршен
Вознемири, возбуди малку, во помала мера.
Примери:
Таа средба ги поразбранува неговите чувства.
(се поразбранува) Се вознемири, се возбуди малку, во помала мера.
Примери:
Кога ја виде, душата му се поразбранува.

премре повеќе

премрат
Вид збор: Глагол, свршен
Сети силна возбуда, возбуди, уплаши.
Албански: ngjall, emocionoj
Примери:
Премре од страв.

разгорешти повеќе

разгорештат
Вид збор: Глагол, свршен
Возбуди се многу силно, се распали.
Албански: kallem, shqetësohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се разгорештивме, не можевме повеќе да бидеме мирни.

скокотка повеќе

скокоткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За чувство, обично пријатно - лесно возбудува.
Албански: gilgic, ngacmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа мисла му го скокоткаше самољубјето.

тревожи повеќе

тревожат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно вознемирува, возбудува.
Албански: shetëson
Употреба: Книжевен збор
(се тревожи) Силно се вознемирува, се возбудува.
Албански: shqetësohem
Употреба: Книжевен збор