excuse - онтологија

извини повеќе

извинат
Вид збор: Глагол, свршен
Прости некому, не земе за зло нечија постапка.
Албански: falje
Примери:
Другарите ќе ми извинат што задоцнив на средбата.
Ослободи од одговорност, оправда.
Албански: falje
Примери:
Претседателот го извини него пред управата поради отсуството на состанокот.

изговори повеќе

изговорат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изговори) Се оправда пред некого, наведе некаква причина за неисполнување, неизвршување на нешто.
Албански: justifikon
Примери:
Се изговорив како да сум болна.

моли повеќе

молат
Вид збор: Глагол, несвршен
Како прашање кога нешто не е јасно или не е слушнато добро.
Албански: kërkoj ndjesë
Примери:
Молам?

мрда повеќе

мрдаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ја избегнува вистината, заобиколува; избегнува некоја обврска.
Албански: justifikohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кажи како беше, не мрдај.

опрости повеќе

опростат
Вид збор: Глагол, свршен
Прости нечија вина, грешка, постапка и сл.
Албански: fal
Примери:
Ве молам да ми опростите што го погазив дадениот збор.

правда повеќе

(се) правдаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) оправда, (се) оправдува
Албански: arsyetoj
Примери:
Тие се правдаат со кризата која ја превидоа и потценија.

прости повеќе

простат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде прошка, прости нешто (казна, лоша постапка, грешка).
Албански: falë
Примери:
Нема да ти простам никогаш.
Во императив, во директен говор, во учтива форма.
Албански: më fal
Примери:
Простете што сум директен.