а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прости

простат; простил; простен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1357
1. Даде прошка, прости нешто (казна, лоша постапка, грешка).
Англиски: excuse Албански: falë
Примери:
Нема да ти простам никогаш.
Тој му ги прости грешките на синот кога сети оти се свестил и се покајал.
2. Се откаже од долг.
Англиски: write off Албански: falë borxh
Употреба: Економија
Примери:
Тој им ги прости парите на децата.
Месарот ѝ го прости долгот на сосетката.
3. Во религиозна смисла, даде прошка.
Англиски: absolve Албански: falem, lutem
Употреба: Религија
Примери:
Мајката го прости синот, го бакна в чело и се натажи.
4. Во императив, во директен говор, во учтива форма.
Англиски: excuse Албански: më fal
Примери:
Простете што сум директен.
Простете за одземеното време.
Простете за нашето недолично однесување.
5. (се прости) Се збогува при разделба, при збогување.
Англиски: say goodbye Албански: përshëndes
Примери:
Првин се прости со домашните, а потоа и со девојката.
6. (се прости, само во мн.) Даде прошка еден на друг.
Англиски: absolve Албански: falë, shfajsojë
Примери:
Тие се простија еден со друг мирно и без зборови.
Мажот и жената се простија и се разделија.
7. (се прости) Се раздели од нешто, се помири со некоја загуба.
Англиски: depart Албански: largohem, përshëndetem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
По неколку месеци таа се прости од парите.
Јас веќе се простив од книгата, знаев дека нема да ми ја вратат.
Изрази
А за тоа да ми простиш - нема (нема да дозволам) да се случи да биде тоа што сакаш, не е точно тоа што го кажуваш.
Бог да го прости; Бог душа да му прости; Господ душата да му ја прости - на погреб или при вест за нечија смрт, пожелба бог да му ги прости гревовите.
Бог да ми прости; Боже прости; Да ми прости лебот (трпезата) - во директен говор кога се јаде со желба да се оградиме од можен грев пред лебот со тоа што ќе го кажеме или сме го кажале.
За бог да прости - раздава храна најчесто на гробишта за покој на душата на покојникот.
Го прости Господ - умре.
Изведенки
1. простува несв.
(се) простуваат
2. простување ср.
глаг. им.