оправда
оправдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3749
1.
Ослободи некого од обвинение или одговорност, признавајќи го за невин.
Примери:
Поради недостиг на докази судот го оправда обвинетиот.
Ако се покаеш, ќе те оправдаат.
2.
Објасни, одбрани некаква постапка; признае нешто за правилно, допустливо, возможно; одобри, дозволи нешто.
Англиски:
justify
Албански:
justifikoj
Тој се обидуваше да ја оправда својата постапка.
Постојано бараше начин да го оправда нејзиното однеcување.
Слично со:
објасни (св.)
3.
Потврди, докаже дека е нешто точно, правилно.
Англиски:
justify
Албански:
justifikoj
Развитокот на македонскиот литературен јазик ги оправда погледите на Мисирков.
Научниот собир ја оправда својата цел.
4.
Покаже, докаже дека навистина заслужува нечија доверба и сл.
Англиски:
justify
Албански:
justifikoj
Вети дека ќе ја оправда довербата што му е укажана.
Слично со:
покаже (св.)
5.
Поднесе, достави документи за направени трошоци.
Примери:
Ја достави сметката за да ги оправда патните трошоци.
Слично со:
верификува (св. и несв.)
6.
(се оправда) Симне од себе сомнеж, вина; ја докаже оправданоста на својата постапка.
Англиски:
justify
Албански:
justifikoj
Тој ме праша како ќе се оправдам на работа.
Треба само патем да пронајдам некоја причина да се оправдам што доаѓам.
Слично со:
докаже (св.)
Изведенки
1.
оправдува несв.
(се) оправдуваат
(се) оправдуваат
2.
оправдување ср.
глаг. им.
глаг. им.