expert - онтологија

доктор повеќе

мн. доктори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се разбира во нешто, што е добар познавач на нешто.
Албански: njohës, ekspert
Употреба: Преносно значење
Примери:
Отецот беше доктор за вино.

експерт повеќе

мн. експерти
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист што дава заклучок, оцена или стручно мислење за определена проблематика или прашање од областа за која е компетентен.
Албански: ekspert

зналец повеќе

мн. зналци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што знае многу, добар познавач во некоја област.
Примери:
Секој старец е зналец.

познавач повеќе

мн. познавачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што знае; познава добро определена работа.
Примери:
Познавач на вина.

фахман повеќе

мн. фахмани
Вид збор: Именка, машки род
стручњак, специјалист, мајстор
Германски: Fachmann
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој е фахман за заведување.