face - онтологија

аверс повеќе

мн. аверси
Вид збор: Именка, машки род
Предна страна на метална пара или медал.

згорниште повеќе

мн. згорништа
Вид збор: Именка, среден род
Лице на костум.
Албански: fytyrë e kostumit
Примери:
Згорништето му беше обелено од сонце.

лице повеќе

мн. лица
Вид збор: Именка, среден род
Предниот дел од главата на човекот.
Српски: лице Албански: fytyrë Бугарски: лице Грчки: πρόσωπο
Употреба: Анатомија
Примери:
човечко лице
Израз на умствена или душевна состојба; изглед (најчесто со придавска определба).
Албански: pamje
Употреба: Преносно значење
Примери:
црвено лице
Надворешна, предна, горна страна на нешто.
Албански: fytyrë
Примери:
лице и опачина
Обработена страна на нешто (платно, кожа, картон, плетало).
Албански: fasadë
Примери:
Лицето на платното беше меко.

образ повеќе

мн. образи
Вид збор: Именка, машки род
Предниот дел од главата на човекот.
Албански: fytyrë
Примери:
Сонцето му го запали образот.

соочи повеќе

(се) соочат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе лице в лице со некого или нешто.
Албански: ballafaqoj
Примери:
Кога судот го соочи со доказите, тој призна.
(се соочи) Не се повлече пред некого или нешто.
Албански: ballafaqohem
Примери:
Се соочи со опасноста.
(се соочи) Се најде пред нешто, пред некој проблем, тешкотија, итн.
Албански: ballafaqohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се соочивме со сериозни проблеми.

соочува повеќе

Види и: соочи (св.)
(се) соочуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
соочи

сурат повеќе

мн. сурати
Вид збор: Именка, машки род
Човечко лице, образ, изглед на лицето (црти).
Турски: surat
Употреба: Разговорно
Примери:
Момата имаше убав сурат.

фаца повеќе

мн. фаци
Вид збор: Именка, женски род
Лице со специфичен изглед.
Употреба: Разговорно
Примери:
гнасна фаца