а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опачина

(едн.) опачината
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7308
1. Страна на нешто (ткаенина, лист) што не се гледа.
Англиски: reverse Албански: anë e pasme
Примери:
Ја испитуваше црвеникавата опачина на ќерамидите.
Нервите на опачината од листот се покриени со куси влакненца.
Тој не можеше да види кој е на сликата, зашто му беше свртена со опачината.
2. Скриена, непозната, непријатна страна.
Англиски: backside Албански: pjesë e pasme
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во градот ја откри опачината на животот.
Зад превезот на тие приказни се крие грда, морничава опачина.
Изрази
Лице и опачина - добра и лоша страна, доблеcти и недостатоци.