мн. аверси
Вид збор: Именка, машки род
Предна страна на метална пара или медал.
мн. згорништа
Вид збор: Именка, среден род
Лице на костум.
Албански:
fytyrë e kostumit
Примери:
Згорништето му беше обелено од сонце.
мн. лица
Вид збор: Именка, среден род
Предниот дел од главата на човекот.
Српски:
лице
Албански:
fytyrë
Бугарски:
лице
Грчки:
πρόσωπο
Употреба:
Анатомија
Примери:
човечко лице
Израз на умствена или душевна состојба; изглед (најчесто со придавска определба).
Примери:
црвено лице
Надворешна, предна, горна страна на нешто.
Примери:
лице и опачина
Обработена страна на нешто (платно, кожа, картон, плетало).
Примери:
Лицето на платното беше меко.
мн. образи
Вид збор: Именка, машки род
Предниот дел од главата на човекот.
Примери:
Сонцето му го запали образот.
мн. сурати
Вид збор: Именка, машки род
Човечко лице, образ, изглед на лицето (црти).
Примери:
Момата имаше убав сурат.
мн. фаци
Вид збор: Именка, женски род
Лице со специфичен изглед.
Примери:
гнасна фаца