fill - онтологија

влева повеќе

влеваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внесува, исполнува со некакво чувство, прави некој да биде обземен со некое чувство, мисла.
Албански: hedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Полицијата влеваше страв кај луѓето.

засипе повеќе

засипат
Вид збор: Глагол, свршен
Исполни, покрие, затрупа некаква површина, вдлабнатина со нешто.
Албански: mbush
Примери:
Селаните ја засипаа реката со камења и направија мала брана.
(се засипе, повр.) се затрупа, се покрие
Албански: mbush, plotësoj
Примери:
Тој се засипа до половината во песок.

засити повеќе

заситат
Вид збор: Глагол, свршен
Насити, задоволи потреба предизвикана од глад, од жед.
Албански: mbush
Примери:
Тој го засити гладот, па легна да се одмори.
(се засити) Се насити, се задоволи со храна.
Албански: mbush
Примери:
Гостите се заситија од печеното прасе.

изнаполни повеќе

Види и: наполни (св.)
изнаполнат
Вид збор: Глагол, свршен
Наполни многу, наполни сѐ што било за полнење.
Примери:
Момите изнаполнија вода во стомните и тргнаа за дома.

исполни повеќе

исполнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде полно, пополни празен простор.
Албански: mbush
Примери:
Студентите сосема ја исполнија салата.
Пополни целосно образец, прашалник и сл.
Албански: plotësoj
Изврши, заврши некаква задача, обврска и сл.
Албански: plotësoj
Примери:
Ги исполнив сите задачи што ми ги дадовте.
Оствари, задоволи барање, желба, очекување, услов и сл.
Албански: përmbush
Примери:
Ми ја исполни желбата.
(се исполни) Доживее силни чувства.
Албански: plotësoj, përmbush
Примери:
Срцето ми се исполни со радост.

наполни повеќе

(се) наполнат
Вид збор: Глагол, свршен
Исполни нешто колку што собира, докрај.
Албански: mbush përplot
Примери:
Го наполни шишето и го затвори.
(се наполни) се исполни, стане полн
Албански: mbushet
Примери:
Собата се наполни со луѓе.

насити повеќе

наситат
Вид збор: Глагол, свршен
Доволно, до ситост нахрани некого.
Албански: ushqej, ngop
(се насити) Се засити, се нахрани до ситост.
Албански: ngopem, ngihem
Примери:
Откако се наситија со јадење и пиење, ги фати дремка.

пломбира повеќе

пломбираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Става пломба на заби.
Албански: plomboj, mbush
Употреба: Медицина
Примери:
Ги пломбирал забите.

подзасити повеќе

подзаситат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подзасити) Се засити донекаде, задоволи некоја потреба.
Примери:
Се подзасити малку со лебот и сирењето.

полни повеќе

полнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави да биде полно, става, тура колку што може да собере.
Албански: mbush
Примери:
Келнерот ги полни чашите со вино.
Прави да биде обземен, исполнет со некакво чувство.
Албански: mbush, rrit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чекањето ме полни со лутина.
(се полни) Станува полно.
Албански: mbushet
Примери:
Џебовите му се полнеа со пари.