исполни
исполнат; исполнил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1303
1.
Направи нешто да биде полно, пополни празен простор.
Примери:
Студентите сосема ја исполнија салата.
Спротивно од:
испразни (св.)
3.
Изврши, заврши некаква задача, обврска и сл.
Примери:
Ги исполнив сите задачи што ми ги дадовте.
Слично со:
изврши (св.)
4.
Оствари, задоволи барање, желба, очекување, услов и сл.
Примери:
Ми ја исполни желбата.
Тој не ги исполни моите очекувања.
Слично со:
оствари (св.)
5.
Изведе на сцена.
Примери:
Песната ќе ја исполни еден од нашите најпознати пејачи.
6.
(се исполни) Се оствари.
Англиски:
realize
Албански:
realizohet
Неговите стравови се исполнија.
Ми се исполнија надежите.
7.
(се исполни) Доживее силни чувства.
Англиски:
fill
Албански:
plotësoj, përmbush
Срцето ми се исполни со радост.
Изведенки
1.
исполнува несв.
исполнуваат
исполнуваат
2.
исполнување ср.
глаг. им.
глаг. им.