finally - онтологија

најназад повеќе

Вид збор: Прилог
Зад сѐ, на крајот.

најнакрај повеќе

Вид збор: Прилог
По долго време минато во чекање.
Примери:
Најнакрај и нам ни дојде редот.
Впрочем, на крајот на краиштата.
Примери:
Најнакрај не смееме да заборавиме дека станува збор за превод.

најодзади повеќе

Вид збор: Прилог
најпосле

најпосле повеќе

Вид збор: Прилог
Сосема на крајот по другите или по нешто.
Примери:
Сите избегаа, па најпосле и тој го остави селото.
По се, на крајот на краиштата, впрочем.
Примери:
Најпосле немаше каде, па се вратија дома,

накрај повеќе

Вид збор: Прилог
На крајот, на завршницата од нешто.
Примери:
Накрај му кажа дека не се согласува.

после повеќе

попосле
Вид збор: Прилог
Како суперлатив - најпосле, на крајот, конечно.
Примери:
Тој најпосле претпазливо ја отвори вратата.