најпосле
Вид збор: Прилог
Ранг: 917
1.
Сосема на крајот по другите или по нешто.
Англиски:
finally
Сите избегаа, па најпосле и тој го остави селото.
Најпосле дојдоа и гостите.
Го прашувале се со ред и најпосле за најглавното.
Најпосле да го истакнеме и фактот што западномакедонските говори покажуваат најголем број типично македонски црти.
2.
По се, на крајот на краиштата, впрочем.
Англиски:
finally
Најпосле немаше каде, па се вратија дома,
Најпосле мораше да го затвори дуќанот.
Најпосле што сака нека прави.
Слично со:
впрочем (мод.)