а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

назад

Вид збор: Прилог
Ранг: 433
1. Во спротивна насока од гледањето, од движењето, кон појдовното место.
Англиски: backwards
Примери:
Луѓето се враќаа назад како изгубени.
Се сврте назад.
Погледна назад.
2. (поназад, најназад) Зад, по нешто, некого.
Англиски: behind
Примери:
Сите го изминаа и го оставија далеку назад.
Седна назад, на последниот ред.
Знаев дека е назад некаде.
3. Во претходна состојба, како што било.
Англиски: back
Примери:
Си го доби назад сиот имот.
Врати назад долг.
Изрази
Земи си го зборот назад - повлечи го кажаното.
Мисли му за назад - мисли, води сметка однапред.
Назад е зимата - допрва ќе биде што ќе биде.
Назад е од веков - заостанува, назаден е, заостанат.