firstly - онтологија

едно повеќе

Вид збор: Прилог
На прво место, како прво.
Примери:
Не сакам да одам, едно, зашто не ми се оди, а друго, зашто немам време.

најнапред повеќе

Вид збор: Прилог
Пред сите други, прв пред сите (при одење, доаѓање, распоред на некое место, извршување на некоја работа).
Примери:
Најнапред се случи промоцијата на книгата.
Пред сѐ, во прв ред (при иcкажување, во дискусија).
Примери:
Најнапред да видиме какви се досегашните резултати.

најпрвин повеќе

Вид збор: Прилог
Пред сѐ, во прв ред, во прво време.
Примери:
Најпрвин да го утврдиме присуството.

попрвин повеќе

Вид збор: Прилог
прво, пред сѐ
Примери:
Попрвин кажете ми зошто сте дојдени.

првен повеќе

Вид збор: Прилог
првин

првин повеќе

Вид збор: Прилог
Пред сите, пред сѐ.
Примери:
Првин вие дојдете, после ние.

прво повеќе

Вид збор: Прилог
првин, најпрвин, најнапред
Примери:
Прво треба да се договориме.
За означување на тоа што е прво по ред при набројување.
Примери:
Тој, прво не е доволно паметен, а второ многу е мрзлив.

сопрво повеќе

Вид збор: Прилог
прво, најпрво
Примери:
Сопрво промисли па после речи.