а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

напред

Вид збор: Прилог
Ранг: 648
1. Во насока на таа што е пред себе.
Англиски: forward Албански: përpara
Примери:
Чекореше упорно напред.
Јас ќе продолжам напред, а вие вратете се.
2. На прво, на предно место.
Англиски: ahead Албански: përpara
Примери:
Седна напред.
Тие што беа напред можеа сѐ да видат.
Чекајте, им викна на тие напред.
3. Однапред, за нешто што ќе биде.
Англиски: before Албански: para
Примери:
Да си кажеме напред, да нема после расправии.
Ќе дадам малку напред, а ќе ти доплатам кога ќе го земам.
За работата ми побара пари напред.
4. За во иднина (обично со предлогот за).
Англиски: in future Албански: përpara
Примери:
Имам храна и за напред.
Ве молам за напред да не ме заборавате.
Мисли само за напред.
Отсега напред за тоа да не ми зборуваш.
5. Порано, во минатото (обично во компаратив).
Англиски: earlier Албански: përpara
Примери:
Напред нејќеше ни да помириса тутун, а сега не може без него.
Понапред нејќеше да го види, а сега му стана прв пријател.
6. За изразување заповед, команда, повик.
Англиски: forwards Албански: përpara
Примери:
Напред!
Изрази
Со Господ напред - благослов.