flatten - онтологија

дорамни повеќе

дорамнат
Вид збор: Глагол, свршен
Рамни, израмни сосема, до крај.
Примери:
Дорамни ја косата убаво за да те потстрижам како што треба.

заплеска повеќе

Види и: плеска (несв.)
заплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плеска, да тенчи нешто со удирање.
Албански: holloj
Примери:
Ковачот го заплеска усвитеното железо.

израмни повеќе

израмнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде рамно (нешто), без нерамнини, отстрани нерамнини на нешто.
Албански: barazoj
Примери:
Жените ги изметоа дворовите, а мажите ги израмнија раскопаните сокаци со казми и копачи.
(се израмни) Стане рамен, без нерамнини, стане прав.
Албански: barazoj
Примери:
Од снегот и мразот грутките во ораниците се израмнија.

исплеска повеќе

исплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде сплескано, истенчено.
Албански: holloj, shtyp
Примери:
Ги исплеска ќофтињата.

нагази повеќе

нагазат
Вид збор: Глагол, свршен
Со газење набие, израмни.
Албански: dystohet

подизрамни повеќе

подизрамнат
Вид збор: Глагол, свршен
Израмни малку, донекаде.
Примери:
Ги здипли и ги подизрамни алиштата со рацете и без да ги пегла, ги стави во плакарот.

расплеска повеќе

расплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Плеска, удира по нешто за да стане пошироко, потенко.
Албански: dystoj, rrah, shtyp
Примери:
Расплескај го убаво лебот.
(се расплеска) Стане сплескан.
Албански: i shtypur, i rrahur
Примери:
Се расплеска тестото.

смачка повеќе

смачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се смачка) се сплеска
Албански: dystohet
Примери:
Се смачка тестото.

сплеска повеќе

сплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со удар или натисок направи нешто плоско.
Албански: rafshoj
Примери:
Му го сплеска носот.
(се сплеска) Стане плоско, смачка се од удар, натисок.
Албански: rrafsh

сплескува повеќе

Види и: сплеска (св.)
(се) сплескуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) сплеска

срамни повеќе

срамнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане рамно со нешто; направи рамно со земјата.
Албански: rafshoj
Примери:
Работниците го срамнија теренот.
Сруши нешто до земја, целосно уништи.
Албански: rafshoj
Примери:
Земјотресот го срамни центарот на градот.

срамнува повеќе

Види и: срамни (св.)
срамнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
срамни, израмни
Албански: rrafshoj
Примери:
Пролетни води ги срамнуваат гробовите.

срине повеќе

сринат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани со ринење; срамни со земјата.
Албански: rrafshoj
Примери:
Ја сринаа земјата.

столчи повеќе

столчат
Вид збор: Глагол, свршен
смачка, сплеска
Албански: shtrydh
Примери:
Го столчи со тесла на еден камен.