израмни
израмнат; израмнил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8510
1.
Направи да биде рамно (нешто), без нерамнини, отстрани нерамнини на нешто.
Примери:
Жените ги изметоа дворовите, а мажите ги израмнија раскопаните сокаци со казми и копачи.
Градежното претпријатие со булдожер го израмни теренот.
Слично со:
рамни (несв.)
2.
Доведе, натокми едно нешто со друго нешто во иста висина.
Англиски:
straighten
Албански:
drejton
Соседот ја израмни живата ограда со столбовите на надворешната врата и ја одржуваше постојано на таа висина.
3.
Доведе на иста линија две или повеќе (мноштво) нешта.
Англиски:
straighten
Албански:
drejton
Тркачите ги израмнија коњите на стартот и го чекаа сигналот.
4.
Изедначи, направи да биде еднакво во некое својство - димензија, вредност, количество и сл.
Примери:
Селанецот ја израмни тежината на компирите во вреќата со тежината на насечените дрва и така го товари магарето: од едната страна вреќа со компири, од другата дрва за огрев.
Прекупецот ја израмни цената на компирите со таа на јаболката.
5.
изедначи
Примери:
Пред крајот на играта со „Брегалница“, нашиот тим го израмни резултатот.
Слично со:
изедначи (св.)
6.
Регулира парични обврски - подмири.
Примери:
Тој го израмни дефицитот пред доаѓањето на комисијата со една поголема меница.
Слично со:
подмири (св.)
7.
Доведе во склад, во соодветен однос.
Албански:
përshtat
Кога стигнаа на плоштадот сите ученици на дувачкиот оркестар ги израмнија чекорите.
Слично со:
усклади (св.)
8.
(се израмни) Стане рамен, без нерамнини, стане прав.
Примери:
Од снегот и мразот грутките во ораниците се израмнија.
9.
(се израмни) Се доведе едно нешто со друго нешто, се натокми во иста рамнина (во ред).
Англиски:
straighten
Албански:
barazoj
Јас се израмнив со првите во поворката и го држев потоа нивниот чекор.
Пред мостот камионите се израмнија со тенковите.
10.
(се израмни) Предмет, почва се доведат, се натокмат во иста рамнина.
Албански:
barazoj
Од големите води патиштата се израмнија со нивјето.
11.
(се израмни) Две или повеќе нешта се доведат, натокмат во иста рамнина (ред), едно со друго.
Албански:
barazoj
Двете колони / нашата и нивната колона се израмнија (една со друга).
12.
(се израмни) Едно лице се изедначи со друго во некое својство, димензија.
Примери:
Поголемиот син се израмни во висината и во дебелината со татка си.
13.
(се израмни) Повеќе нешта станат еднакви, се изедначат.
Примери:
Синот и таткото се израмнија во висината и дебелината.
Во правото на глас, жените и мажите се израмнија.
Изведенки
1.
израмнува несв.
израмнуваат
израмнуваат
2.
израмнување ср.
глаг. им.
глаг. им.