нагази
нагазат; нагазил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8452
1.
Одејќи, згазне на нешто.
Примери:
Нагазил на стакло.
Нагазил во кал.
Нагазил на мина.
Нагазил змија и го каснала.
Слично со:
згазне (св.)
3.
Случајно, ненамерно сретне некого, нешто (некоја незгода).
Примери:
Нагази на тој што не го видел со години.
Нагазија на потера.
Од едни избега, на други нагази.
Нагазил некоја болест.
Слично со:
налета (св.)
4.
Дојде во посета непоканет, неочекуван.
Примери:
Секоја недела ќе ги нагазеше барем двапати.
Ме нагазија гости.
5.
(се нагази) Помине долго време во газење.
Примери:
Се нагазивме кал.
Изведенки
1.
нагазува несв.
(се) нагазуваат
(се) нагазуваат
2.
нагазување ср.
глаг. им.
глаг. им.