дорамнат
Вид збор: Глагол, свршен
Рамни, израмни сосема, до крај.
Примери:
Дорамни ја косата убаво за да те потстрижам како што треба.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плеска, да тенчи нешто со удирање.
Примери:
Ковачот го заплеска усвитеното железо.
израмнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде рамно (нешто), без нерамнини, отстрани нерамнини на нешто.
Примери:
Жените ги изметоа дворовите, а мажите ги израмнија раскопаните сокаци со казми и копачи.
(се израмни) Стане рамен, без нерамнини, стане прав.
Примери:
Од снегот и мразот грутките во ораниците се израмнија.
исплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде сплескано, истенчено.
Примери:
Ги исплеска ќофтињата.
нагазат
Вид збор: Глагол, свршен
Со газење набие, израмни.
подизрамнат
Вид збор: Глагол, свршен
Израмни малку, донекаде.
Примери:
Ги здипли и ги подизрамни алиштата со рацете и без да ги пегла, ги стави во плакарот.
расплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Плеска, удира по нешто за да стане пошироко, потенко.
Албански:
dystoj, rrah, shtyp
Примери:
Расплескај го убаво лебот.
(се расплеска) Стане сплескан.
Албански:
i shtypur, i rrahur
Примери:
Се расплеска тестото.
сплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со удар или натисок направи нешто плоско.
Примери:
Му го сплеска носот.
(се сплеска) Стане плоско, смачка се од удар, натисок.
Вид збор: Глагол, несвршен
срамнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане рамно со нешто; направи рамно со земјата.
Примери:
Работниците го срамнија теренот.
Сруши нешто до земја, целосно уништи.
Примери:
Земјотресот го срамни центарот на градот.
Вид збор: Глагол, несвршен
срамни, израмни
Примери:
Пролетни води ги срамнуваат гробовите.
сринат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани со ринење; срамни со земјата.
Примери:
Ја сринаа земјата.
столчат
Вид збор: Глагол, свршен
смачка, сплеска
Примери:
Го столчи со тесла на еден камен.